Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВОЗНЕМИРУВАЧКА ВЕСТ ОД СТРУМИЧКО: Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица – Валандово

На 18.10.2026 околу 18:00 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово, на делницата од с.Костурино до место викано „Чадорче“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 60-годишник од с.Костурино, струмичко и патничко возило „фолксваген“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фиат пунто“, констатирани во Медицински центар Струмица.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица.