Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Манасиевски: Колегата на Филипче, Иван Барбов потврди, Заев му се јавувал за прегледување на пациенти, очекуваме истрага дали добил повик и за Михаилова

Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Колегата на Филипче, Иван Барбов потврди, Заев му се јавувал за прегледување на пациенти, очекуваме истрага дали добил повик и за Ива Михаилова.

Јавноста очекува одговори, дали зад медицинскиот извештај кој го изготвил Иван Барбов на 19.03.2026 година, во кој јасно се вели дека понатамошното лекување на пациентот Ива Михаилова треба да продолжи во Бугарија, стојат Филипче и Заев?
Дека постојат сомнежи за кредибилитетот на Барбов нема дилема, тоа директно го пишува и во извештајот на Стејт Департментот на САД во 2017 година, во кој јасно пишува дека „Именувањето на Иван Барбов за в.д. директор на Универзитетската клиника за неврологија во Скопје, било контроверзно’’.

Дополнително, тоа што тој веќе еднаш е правосилно осуден за создавање на нелегални документи за осигурување за трети лица да добијат инвалидски пензии, нам не ни е чудно повторно, сега можеби под покровителство на Заев и Филипче, истото да го има сторено со извештајот за Ива Михаилова.

Очекуваме надлежните органи да истражат и да постапат, бидејќи јавноста очекува одговори.

Можеби ќе ве интересира

НОВА ФАЗА ВО ЛЕКУВАЊЕТО НА ПОВРЕДЕНИТЕ ОД КОЧАНИ – Прегледани 24 пациенти, извршени 16 операции

ДЕСК

Мицкоски: Европската комисија потврди – нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

ДЕСК

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите на земјите членки на групата „Пријатели на Западен Балкан“

ДЕСК