Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање прифати пет амандмани на предложените измени на Законот за животна средина и го испрати текстот во натамошна процедура.
Паралелно продолжуваат критиките од еколошки организации и опозицијата околу правилата за тешка индустрија, близината до населени места, транспарентноста и можните последици врз здравјето и животната средина.


