На 13.10.2026 во 10:01 часот во ОВР Гостивар, И.Б.(67) од с.Добри Дол, гостиварско, пријави дека откако на бензинска пумпа неговата платежна картичка била одбиена за плаќање поради недоволно средства, направил увид во банкарскиот извод и утврдил дека на 03.10.2026 во 05:02 часот без негова согласност од банкомат во с.Врапчиште му биле повлечени 7.000 денари, а дополнителни средства биле повлечени и на 06.10.2026 од банкомат во с.Добри Дол.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


