Австрија, Чешка и Словачка во заеднички нон-пејпер предлагаат билатералните прашања меѓу државите да се решаваат надвор од процесот на пристапување во Европската Унија.
Како примери се наведуваат спорот меѓу Хрватска и Црна Гора, но во истиот контекст се споменува и спорот меѓу Бугарија и Македонија. Документот може да биде значаен за идната дебата за проширувањето.


