Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПАТИШТАТА ГЛАВНО СУВИ: Возачите да внимаваат на можни одрони

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по претежно суви коловози и со умерен интензитет. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од земјата.

Поголема внимателност се препорачува на Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево, каде постои опасност од одрони.