Centar.mk
фотографија направена со АИ/илустрација
МАКЕДОНИЈА

ДРАМАТИЧНО СВЕДОЧЕЊЕ ЗА „ПУЛС“: Влезот бил затрупан со луѓе, противпожарното сандаче не функционирало

Пожарникарот Благојчо Паунов денеска сведочеше дека кога пожарникарите пристигнале во дискотеката „Пулс“, влезната врата била целосно блокирана од заглавени луѓе. За извлекување на еден човек во дел од случаите биле потребни две или три лица.

Дојавата била примена во 2:35 часот, а првото противпожарно возило стигнало за околу пет минути. Судењето се води против 13 полициски службеници обвинети за непостапување според акцискиот план.