МВР соопшти дека во граничниот систем нема евиденција дека Ива Михаилова легално ја напуштила Македонија, а според информациите што македонската полиција ги добила, нема регистриран ниту редовен влез на нејзино име во Бугарија. Михаилова сепак денеска се појави на бугарска територија.
Обвинителството дополнително информира дека уште во октомври 2025 година ѝ биле одземени и македонскиот и бугарскиот пасош. Имала и мерка да не ја преминува границата со лична карта, забрана да го напушта Кочани и обврска редовно да се јавува кај службено лице. 360 степени


