На 09.10.2026 година, во Македонската филхармонија во Скопје, со голема свеченост, полна сала и силна политичка порака се одржа Првиот изборен Конгрес на новата политичката партија – Српска демократска лига (СДЛ). На настанот присуствуваа голем број делегати, претставници на политички партии, организации и здруженија, како и претставници на медиумите.
На Конгресот, свое поздравно обраќање имаше г-ѓа Невена Ѓуриќ, Потпретседателка на Главнот одбор на Српската напредна странка (СНС), како официјален пратеник на српскиот Премиер и Претседател на СНС, Милош Вучевиќ. Таа испрати порака на силна поддршка, партнерство и заеднички заложби за стабилност и прогрес во целиот регион.
Во своето обраќање пред присутните, претседателот на Српската демократска лига, Саша Богдановиќ, потенцираше дека СДЛ не е само нова политичка организација, туку претставува историска обнова на истоимената лига основана во Скопје уште во далечната 1908 година, како прва политичка организација на Србите на овие простори.
„Денес сме овде да го направиме првиот голем чекор во изградбата на политичка организација која сака да биде присутна, активна и одговорна во општествениот и политичкиот живот во Македонија“, истакна Богдановиќ во својот говор. Во своето обраќање, Богдановиќ испрати силна порака за соживот, сложност и одговорност, нагласувајќи дека со чувајќи и негување го сопствениот идентитет, го почитуваме и идентитетот на другите.
Во насока на остварување на стратешките цели дефинирани во Статутот на партијата, следува формирање на стручни тимови и комисии кои во соработка со Централниот одбор на партијата, ќе предлагаат конкретни решенија во областите од примарно значење за граѓаните, и тоа: образование, здравство, дигитализација, енергетика, земјоделие и спорт.
Во работниот дел на Конгресот беа формирани и клучните партиски тела – Централниот и Надзорниот одбор. Посебно значаен чекор беше едногласното усвојување на Предлог-договорот за коалиција, со кој Претседателот и Централниот одбор добија целосен мандат за преговарање и склучување на идни политички коалиции.
фото СДЛ


