Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ОД ПОРОИ ДО СНЕГ ЗА САМО НЕКОЛКУ ДЕНА: Македонија пред силен временски пресврт

Под влијание на циклонска активност до вторник времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер кој наместа ќе достигне до 60 km/h. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Прогноза за 12.10.2026
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Променливо облачно, претпладне ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 13.10.2026
Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 10°C до 18°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.10.2026
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 11°C до 19°C

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

РОДИТЕЛИТЕ ИМ ГО ПРЕПИШАЛЕ СТАНОТ НА ДЕЦАТА – Што ако еден ден им кажат дека повеќе немаат право да живеат таму?

ДЕСК

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК