Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ОБЛАЦИТЕ СЕ ЗГУСТУВААТ: Денеска локален дожд, на југ и понатаму многу топло

Променливо облачно. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, а наместа ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

Утринските температури ќе се движат приближно од 7 до 13 степени. Најсвежо ќе биде во источните делови, каде се очекуваат околу 7 степени, додека на југоисток утринската температура ќе достигнува до 13 степени.

Во текот на денот ќе остане релативно топло. Максималните температури ќе се движат од 20 до 28 степени. Најтопло ќе биде во јужните и југоисточните подрачја, каде температурата ќе достигне 28 степени.

Во централните делови се очекуваат околу 25 до 26 степени, на североисток до 25, а во источните подрачја околу 24 степени. На запад ќе биде посвежо, со дневни температури од околу 20 до 22 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно. Во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН ЈА ЗАФАЌА МАКЕДОНИЈА – Следуваат обилни дождови, локално над 60 литри на квадратен метар

ДЕСК

Црна Гора со поддршка за македонските евроинтеграции – „Проширувањето мора да биде според заслугите“

ДЕСК

ПРИЗНА ВИНА ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ВОЗИЛАТА ПРЕД БУГАРСКАТА АМБАСАДА – Се чека проценка на штетата

ДЕСК