Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ТРИ ДЕНА ОДМОР ЗА 11 ОКТОМВРИ: Понеделник ќе биде неработен ден

Граѓаните ги очекува продолжен викенд по повод 11 Октомври – Денот на народното востание. Бидејќи празникот годинава паѓа во недела, неработен ќе биде и понеделник.

До крајот на октомври следува уште еден неработен ден за сите граѓани – 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, кој годинава е во петок.