Centar.mk
ЛОКАЛНО

НЕМА ПОВЕЌЕ „ЌЕ ПОМИНАМ НЕЗАБЕЛЕЖАНО“: Системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од понеделник (12.10.2026), системот за сообраќаен надзор Безбеден град започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид.

По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид.

Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

Можеби ќе ве интересира

КРАВИТЕ СТИГНАЛЕ И ДО УЧИЛИШНИОТ ДВОР – Крива Паланка поднесе кривични пријави против службени лица

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна реконструкцијата на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари

ДЕСК

КОНЕЧНО ДОБРА ВЕСТ ЗА ШТИП – Саниран и вториот голем дефект, водата постепено се враќа во домовите

ДЕСК