Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Кузеска: Левица не гласаше за минимална плата, сателит не штити работници

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО:

Во Собранието се гласаше за минимална плата од 600 евра на предлог на СДСМ. Пратениците на руската партија Левица не беа во салата. Не дадоа ниту еден глас. Токму на Светскиот ден на пристојна работа.

Заедно со ВМРО-ОКГ, ЗНАМ и ВЛЕН, кои исто така не гласаа ЗА. Во салата ги немаше ни пратениците на ДУИ.

За повисока плата гласаа само пратениците на СДСМ и коалицијата.

Тоа не е некаква процедура. Тоа е доказ.

Што стои во Програмата на Левица? Еве, во програмата на Левица велат дека стојат на страната на обесправените. Дека работничките права се безвредни и дека тие ќе ги бранат. Дека се единствената автентична партија за која унапредувањето на трудот е апсолутен приоритет.

Пред избори ветуваа минимална плата на ниво од две третини од синдикалната потрошувачка кошница. Медијална плата. Исплата од први до седми. Дупла дневница за викенд и празник. Укинување на привилегијата за плати над 10.000 евра.

Кога дојде закон за 600 евра минимална плата, Левица не гласаше.

Работникот не ги плаќа сметките со пароли и со лажни програми. Не ја полни корпата со соопштение. Ако партија што се колне во работничката не гласа за минимална плата, таа не е лева партија. Таа е партија на далечинско.

Оправдувања нема. Нека им кажат на своите гласачи. Нека ѝ кажат на јавноста зошто застанаа токму на оваа тема. Зошто, на денот кога се мери пристојна работа, минималецот не вредеше ниту за нивно присуство, ниту за нивни глас.

Одговорот е на масата на која седнаа. Платформа, ЗНАМ 2.0. Луѓе што од внатре работат да ја урнат единствената опозиција, СДСМ.

ЗНАМ го знаеме од денот кога ја предадоа партијата, па гласачите. Платформата ја знаеме од денот кога се виде тендер од 1,6 милиони евра од ВМРО-ОКГ. Помалку од Гета. Повеќе од образ.

Левица е анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка. Руска партија, во земја каде Америка е стратешки партнер и каде околу 80 проценти од граѓаните го поддржуваат и НАТО и Европската Унија. Партија за ништо.

Како таква партија да биде дел од влада што тврди дека оди кон Европа? Не може.

Освен ако не ѝ треба на арамијата. За алиби. За да ги ситни опозициските гласови. За да му даде “ракавица в лице” кога ќе му снема пари за тендери, а да му даде алиби за избори.

Второто прашање е потешко. Зошто партија што нема врска со СДСМ бара смена на раководството на СДСМ?

И тоа заедно со претходни функционери што го донесоа катастрофалниот резултат во 2024, кога СДСМ ја загуби власта. Уште потешко. Луѓе од СДСМ што до вчера беа за НАТО, за Америка и за ЕУ седнаа на маса со луѓе што се против сè тоа. Со партија што НАТО го нарекува убиец.

Како се спојува неспоиво? Само ако е нарачано. Само ако веќе работат за Мицкоски и за организираната криминална група ВМРО-ОКГ.

Левица не е опозиција. Платформата не е реформа. И двете се алатки.

Едната руско далечинско. Другата тендерско. Шефот е ист.

На граѓаните денес им е јасно.

Целта е спас на криминалната група на власт. Ненародна партија што себеси се смета за елита, а народот за талог, глодари, медиокритети.

Истата што ги осиромаши и ги задолжи поколенијата, ја забрани слободата на говор, медиумите ги воведе во мрак, а Македонија ја изолира.

СДСМ гласаше за плата за работниците. Ќе гласаме и повторно. Власта ќе се врати во рацете на народот. Сателитите ќе останат без сигнал.

Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=tN_CKWpDBH0