Под влијание на циклонска активност до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m², особено во недела. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Од понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.
Прогноза за 11.10.2026
Минимална температура: 8°C до 15°C
Максимална температура: 14°C до 21°C
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат со поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Прогноза за 12.10.2026
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 16°C до 22°C
Променливо облачно, претпладне ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 13.10.2026
Минимална температура: 6°C до 15°C
Максимална температура: 8°C до 18°C
Променливо облачно со повремен локален дожд. Поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.


