Centar.mk
фото: Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини
БИЗНИСПРОМО

Божиновска со студентите на Виенската дипломатска академија: Енергетските приоритети и стратешките проекти на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, во рамките на работната посета на Виена и учеството во извршната програма за обука „Жени лидери – Југоисточна Европа и Црно Море/Јужен Кавказ 2026“, оствари средба и одржа предавање пред студентите на Виенската дипломатска академија.

Во отворена дискусија со идните дипломати, Божиновска ги претстави состојбите и приоритетите во енергетскиот сектор во Македонија, стратешките проекти за диверзификација на изворите и модернизација на инфраструктурата, како и активностите за зајакнување на енергетската независност и сигурноста во снабдувањето. Студентите имаа можност да поставуваат прашања и непосредно да се запознаат со предизвиците во креирањето и спроведувањето на енергетските политики и нивната поврзаност со економскиот развој и меѓународната соработка.

Во рамките на програмата, министерката учествуваше и на сесијата „Дигитална дипломатија“, посветена на примената на дигиталните алатки во современите дипломатски односи и меѓународната комуникација.

За време на посетата на Виена, Божиновска оствари и средба во Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Австрија, во насока на одржување на институционалниот дијалог и унапредување на соработката.

фото Министерство за енергетика