Во август 2026 година се издадени 333 одобренија за градење, што е за 18.9 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, извести ДЗС.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 21 777 160 илјади денари, што е за 315.5 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за изградба на автопат А4, делница ГП Блaце – Скопје.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 224 (67.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 18 (5.4 %) за објекти од нискоградба и 91 (27.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 333 објекти, на 231 (69.4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 102 (30.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 1 030 станови со вкупна корисна површина од 80 530 м2, пресмета Државниот завод за статистика.


