Centar.mk
РЕГИОН

АЛБАНИЈА ПРЕД НОВА ТЕРИТОРИЈАЛНА РЕФОРМА: Во парламентот стигнува план за прекројување на општините

Албанскиот парламент треба да се изјасни за иницијатива со која повторно се отвора прашањето за административната поделба и можноста за спојување на дел од општините.

Владејачките социјалисти реформата ја претставуваат како обид за поефикасна локална власт, додека опозицијата предупредува дека менувањето на границите може да има и изборни последици. Во дел од погодените средини веќе има локални реакции.