Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

СОНЦЕ ВО ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА: Од -2 до 28 степени

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утрото ќе биде студено. Минималните температури ќе се движат од -2 до 6 степени, а најниски вредности се очекуваат во источните делови, каде температурата локално ќе се спушти до -2 степени.

Во текот на денот ќе биде значително потопло. Максималните температури ќе се движат од 20 до 28 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните подрачја, каде се очекуваат до 28 степени.

Во централните и јужните делови температурите ќе достигнуваат околу 26 степени, на североисток до 24, додека во западните подрачја ќе биде посвежо, со дневни температури од околу 20 до 23 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК