Centar.mk
фото Влада
-БИЗНИС

Мицкоски: Растот на БДП ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто, очекуваме една од најниските инфлации во регионот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашната средба со претставниците на Светска банка и извештајот што тие го подготвија за Македонија, изјави:

„Да, вчера имав состаноци со претставници на Светска банка коишто се одговорни за нас како држава, за Македонија. Она коешто охрабрува е фактот дека ние сме единствената земја во регионот каде што нивелирањето, односно усогласувањето на проценката за раст е во позитивна насока. Односно, ја започнавме годината со 2,6% раст на бруто-домашниот производ, па потоа се нивелираше на 2,9%, за вчера да излезе на 3,2%. Иако јас сум убеден дека оваа година растот на бруто-домашниот производ ќе биде меѓу 3,5% и 4%, бидејќи во првото полугодие досега е 3,7%, по 3,1% во првиот квартал и 4,3% во вториот квартал. И очекувам да бидеме земја којашто ќе има, ако не најниска, меѓу најниските 2–3 инфлации во регионот и во Европа. И ако не највисок, тогаш меѓу првите пет со највисок пораст на бруто-домашниот производ во регионот и во Европа.“