Во Сплит денеска се одржува самитот на групата EU MED9, со која годинава претседава Хрватска. Во групата членуваат Хрватска, Кипар, Франција, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија.
Лидерите разговараат за безбедноста, миграцијата, енергетиката, климатските и водните предизвици, демографијата и односите со јужното соседство на Европската Унија. На самитот учествуваат и Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта.


