Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ОД -4 НАУТРО ДО 29 СТЕПЕНИ ПРЕКУ ДЕН: Голема температурна разлика и денеска

Сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -4 до 5 степени. Најстудено ќе биде во источните делови, каде се очекуваат до -4 степени, додека во останатите региони утринските вредности претежно ќе бидат од 0 до 5 степени.

Во текот на денот ќе следува значително затоплување. Максималните температури ќе се движат од 21 до 29 степени. Најтопло ќе биде во југоисточните делови, каде живата во термометрите ќе се искачи до 29 степени.

Во централните и јужните подрачја се очекуваат температури до 27 степени, на североисток околу 25, додека во западните делови ќе биде нешто посвежо, со дневни температури од околу 21 до 22 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од променлив правец.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЕЦ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВАТА КНИГА НА РЕКОРДИ – Сашко Кедев највозрасен човек што ги освоил сите 14 осумилјадарки

ДЕСК

ИВА МИХАИЛОВА СО НОВА ИЗЈАВА ПО СНИМКИТЕ ОД БУГАРИЈА – Тврди дека никој не ја принудувал на ништо

ДЕСК

УШТЕ 11 ВОЗАЧИ ПРИВЕДЕНИ НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле без положен испит, под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК