Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Децентрализацијата е важен демократски принцип за зајакнување на локалната самоуправа

Претседателот на Собранието Африм Гаши, како и претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска и потпретседателот на Комисијата за локална самоуправа, Пеце Милевски, се сретнаа со Делегација од Конгресот на локалните и регионалните власти на Советот на Европа составена од двајцата коизвестители за локална демократија, Андерс Кнапе  од Шведска  и Матијас Гисин  од Швајцарија.

На средбата се разговараше за спроведувањето на Европска повелба за локална самоуправа и почитување на човековите права и владеењето на правото на локално ниво.

Претседателот Гаши нагласи дека децентрализацијата претставува важен демократски принцип, кој придонесува  одлуките што непосредно ги засегаат граѓаните, кога тоа е возможно и соодветно, да се носат на локално ниво, имајќи ги предвид нивните потреби и специфичностите на локалните заедници.

Во тој контекст тој посочи дека децентрализацијата е еден од клучните аспекти и на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, со кој беше предвидено зајакнување на локалната самоуправа и поголемо учество на граѓаните и заедниците во процесите на локално одлучување.

На средбата беа разгледани и прашањата поврзани со независноста на локалните власти и процесот на децентрализација, со посебен фокус на финансиската децентрализација и финансиската автономија, како и на надлежностите на градоначалниците и општинските совети.

Соговорниците разговараа и за предизвиците со кои се соочуваат општините во однос на финансиската одржливост, заштитата на животната средина, демографските промени и нивните административни и институционални капацитети, како и за можностите за натамошно унапредување на локалната самоуправа.

Конгресот на локални и регионални власти изготвува редовни извештаи за ситуацијата со локалната и регионалната демократија за секоја од земјите членки на Советот на Европа со цел да осигури дека се имплементираат принципите на Европската повелба за локална самоуправа. Мониторинг комисијата на Конгресот е тело кое изготвува извештаи за локалната и регионална демократија и врши мониторинг врз редовна основа за тоа како земјите членки ги имплементираат препораките на Конгресот. Последниот извештај за државата бил изготвен во 2021 година.

фото Собрание

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКАТА МИНИСТЕРКА СО ПОРАКА ОД БРИСЕЛ – Компромисот од 2022 година останува основа за европскиот пат на Македонија

ДЕСК

ОЈО ГОКК ПРОВЕРУВА ФИНАНСИСКИ ТЕКОВИ ПОВРЗАНИ СО АЛТА БАНКА – Хаџи Василева откри што досега испитува Обвинителството

ДЕСК

ФИЛИПЧЕ НЕ ГО ОТКАЖУВА ПРОТЕСТОТ ВО ОХРИД – Семејството на претепаната девојка побара случајот да не се политизира

ДЕСК