Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утрото ќе биде студено, а во делови од источна Македонија температурите ќе се спуштат и под нулата. Според прогнозата, минималните температури ќе се движат од -4 до 5 степени.
Во текот на денот ќе биде значително потопло. Максималните температури ќе се движат од 19 до 28 степени, а најтопло ќе биде во југоисточните делови од земјава, каде се очекуваат до 28 степени.
Во централните и јужните подрачја дневната температура ќе достигнува околу 26 степени, на североисток до 22, додека во делови од западна и источна Македонија ќе биде посвежо, со максимални температури од околу 19 до 22 степени.
Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец.


