Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ЧУДНО ВРЕМЕ ДЕНЕСКА: Сончево, но со многу студено утро – температурите од -3 до 27 степени

Утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утрото ќе биде многу студено, а во дел од источните подрачја температурите ќе се спуштат и под нулата. Минималните температури ќе се движат приближно од -3 до 8 степени.

Во текот на денот ќе следува значително затоплување. Максималните температури ќе бидат од 18 до 27 степени. Најсвежо ќе остане во западните и источните делови, каде дневните температури ќе се движат околу 18 до 21 степен.

Во централните и јужните региони ќе биде значително потопло, со температури до 26 степени, додека најтопло ќе биде на југоистокот, каде се очекуваат до 27 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК