Centar.mk
-МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

УТРОТО ПОД НУЛА, ПОПЛАДНЕТО ДО 26 СТЕПЕНИ: Еве какво време нè очекува

Утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во дел од источните подрачја температурите ќе се спуштат и под нулата. Минималните температури ќе се движат приближно од -2 до 7 степени.

Во текот на денот ќе биде значително потопло. Максималните температури ќе се движат од 17 до 26 степени. Најсвежо ќе биде во западните и источните делови, каде ќе се измери од 17 до 20 степени, додека во централните и јужните региони температурите ќе достигнат од 20 до 25 степени.

Најтопло се очекува на југоистокот, каде дневната температура ќе достигне до 26 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.