Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Температурите ќе одат до -2 степени, дневните до 26 степени – Метеоролозите најавуваат големи температурни разлики

Утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утрото ќе биде студено, а во дел од источните подрачја температурата ќе се спушти и под нулата. Минималните температури ќе се движат приближно од -2 до 8 степени.

Во текот на денот ќе биде значително потопло. Максималните температури ќе достигнат од 18 до 26 степени. Најсвежо ќе биде во западните и источните делови, каде дневните температури ќе бидат околу 18 до 21 степен.

Во централните и јужните региони ќе биде потопло, со температури околу 20 до 25 степени, додека најтопло ќе биде на југоистокот, каде се очекуваат до 26 степени.

Особено изразена ќе биде разликата меѓу утринските и дневните температури. Во источните делови утрото може да започне со околу -2 степени, а во текот на денот температурата да достигне околу 19 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ – УХМР со нова прогноза

ДЕСК

ДИПЛОМА ИМААТ, РАБОТА НЕМААТ – Над 1.000 магистри и 39 доктори на науки се невработени

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ ЈА САКААТ ЕУ, НО НЕ И УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – Објавени нови анкетни резултати

ДЕСК