Centar.mk
РЕГИОН

СРБИЈА ДОБИ УШТЕ ЕДЕН МЕСЕЦ ЗА НИС: Американската лиценца продолжена до 30 октомври

Американската Канцеларија за контрола на странски средства ја продолжи оперативната лиценца на Нафтената индустрија на Србија до 30 октомври.

Со тоа НИС и рафинеријата во Панчево можат да продолжат со работа. Српските власти соопштија дека паралелно продолжуваат разговорите околу сопственичката структура на компанијата, а од државните резерви на пазарот се пуштени дополнителни 5.000 тони дизел.