Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски призна – следува тоа што го најавивме, нов ребаланс и ново задолжување

Соопштение на СДСМ:

Само околу два месеца по последниот ребаланс, Мицкоски повторно најавува можност за ново прекројување на народната каса. Нема пари.

Мицкоски признава дека има помалку пари од приходи, дека се зголемува дефицитот.

Обидот целиот буџетски проблем да се оправда со намалениот ДДВ за горивата е класична манипулација. Владата не се откажа од акцизата и не го намали ДДВ на горивата на 5%. Проблемот е многу поголем.

Затоа дефицитот на крајот на годината ќе биде над 900 милиони евра!

Претседателот Филипче веќе со месеци предупредува дека состојбата со државата каса е катастрофално лоша поради арамиските политики на Мицкоски и дека буџетската дупка се зголемува.

Тотален дебакл на сите економски политики на Мицкоски.

Очигледно следува нов ребаланс а со тоа со сигурност и ново задолжување, нов арамилук врз грбот на народот.

Сè што најавивме се случува. Задолжувањето од 1,3 милијарди евра е веќе на хартија.

За две години оваа власт го задолжи народот со 4 милијарди евра. Половина од долгот на државата во изминатите 35 години арамијата го направи за само 2 години. Јавниот долг е веќе околу 11 милијарди, околу 60 проценти од БДП-то.

Долговите растат а пари за поголеми плати и пензии нема. Граѓаните ја плаќаат цената за криминалната организирана група, ВМРО и арамијата Мицкоски.