Centar.mk
ЛОКАЛНО

КАРПОШ – АКТИВНО ТРАНСПАРЕНТЕН И ОТЧЕТЕН

Општина Карпош континуирано ја унапредува активната транспарентност, со цел граѓаните навремено да имаат пристап до информации за работата на локалната самоуправа, како и за своите права и обврски. Според Индексот на активна транспарентност за 2026 година, изработен од Центарот за граѓански комуникации, Општина Карпош е оценета со 96,9% и е вброена во групата институции со „многу добра“ активна транспарентност.

Што подразбираме под активна транспарентност? Активната транспарентност подразбира институциите самостојно и навремено да објавуваат информации, без граѓаните претходно да поднесат барање за нивно доставување. Со проактивното објавување на информациите, институциите придонесуваат кон поголема отчетност, одговорно управување со јавните средства и почитување на принципите на добро владеење и интегритет.

Објавените информации треба да бидат лесно достапни, разбирливи, релевантни и употребливи за граѓаните. Општина Карпош продолжува да гради отворена, транспарентна и отчетна локална самоуправа, во интерес на граѓаните и со почитување на нивното право на информираност.

Можеби ќе ве интересира

Обновен рибниот фонд на Преспанското Езеро со околу 7.000 млади крапови

ДЕСК

ДЕЛ ОД СКОПЈЕ БЕЗ ВОДА – Планирани интервенции во Автокоманда и Карпош

ДЕСК

Оваа општина дели по 10.000 денари за секое новороденче

ДЕСК