Грчката влада најави нов аранжман со кој долговите кон даночните власти и фондовите ќе можат да се отплаќаат на најмногу 120 месечни рати.
Мерката го продолжува максималниот рок од шест на десет години. Во шемата ќе може да влезат и дел од должниците со обврски создадени во текот на 2024 година, а минималната рата ќе биде 30 евра.


