Мицкоски нека размисли добро што ќе ѝ каже утре на претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ако треба нека не спие, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека Македонија се наоѓа во сериозен момент, и дека по повеќе од три децении земјата се наоѓа во ситуација во која европската перспектива е доведена во прашање.
„Не знам дали сте свесни колку е сериозна ситуацијата сега денеска, утре во пресрет на посетата на Фон дер Лајен. Не знам дали сте свесни каква тежина политичка има овој момент во кој што после повеќе од 30 години ние сме во ќорсокак за Европа – по лична желба на Христијан Мицкоски. Дали сте свесни дека има јасен чист паток за 4 земји и нас таму нè нема“, рече Филипче.
Во одговорот, Филипче директно му порача на Мицкоски внимателно да размисли за пораката што ќе и ја каже на претседателката на ЕК, Фон дер Лајен.
„На Христијан сакам да му порачам, нека размисли добро. Ако треба вечер, нека не спие. Што ќе ѝ каже утре на Фон дер Лајен? Да не се игра со иднината на земјата, затоа што може да му судат следните генерации“, рече Филипче.
Притоа, тој укажа дека до 2030 година се отвора можност за членство на повеќе земји, додека Македонија, не е на тој пат.
„До 2030 година, отворена е вратата во Европа, земји членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас нè нема. При тоа, Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот, ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот – па сè е зачувано во меѓународните договори, они тоа го признаваат. Сега некои будалштини збори Мицкоски – Исланд не сакал во Европска Унијаа, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен? Да не изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни? Дали мисли дека луѓето се наивни? Што сака да постигне?“, рече Филипче.
Во одоговорот Филипче нагласи дека граѓаните треба да знаат и да бидат свесни за последиците од продолжување на изолациските политики на власта.
„Сакам граѓаните да знаат, дека ако продолжи овој пат на изолација, пред нас се деценија на сиромаштија, на изолација, на сиромаштија на духот, на иселување на децата, на првљаштина на улиците и загаден воздух насекаде, на распродадена земја за туѓи интереси и туѓи рудници, на распродадена вода за туѓи дата центри и на партиски тендери за оваа банда што е на власт“, рече Филипче.
Линк до видео: https://www.youtube.com/watch?v=aG_NKyK7jbs
Филипче: Нека размисли добро Мицкоски што ќе ѝ каже на Фон дер Лајен, ако треба нека не спие!