Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски зборува будалаштини!

Мицкоски зборува будалаштини кога се обидува, ја загрозува иднината на земјата со изолација од Европската Унија, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција, посочувајќи дека Македонија се наоѓа во ќорсокак за својата европска иднина, токму заради личната желба на Мицкоски.

„Не знам дали сте свесни каква тежина политичка има овој момент во којшто после 30 и кусур години ние сме во ќорсокак за Европа. По желба лична на Христијан Мицкоски. Дали сте свесни дека има јасен чист пат за 4 земји и нас таму нè нема. До 2030 година, отворена е вратата во Европа, земји и членки ќе станат Албанија, Црна Гора, Украина и Молдавија. Нас нè нема. При тоа, Христијан Мицкоски сè уште глуми патриот, ќе го бранеше името, јазикот, културата, идентитетот, па сè е зачувано во меѓународниот договори. Па сега зборува некој будалаштини, Исланд не сакал во Европска Унија, па Исланд е дел од заедничкиот пазар. Па може ли таков идиот да е човекот комплетен? Да нè изолира целосно? Па дали мисли дека сме наивни? Дали мисли дека луѓето се наивни? Што сака да постигне?“, рече Филипче.

Филипче предупреди дека земјата ризикува да остане надвор од европскиот процес, додека други држави се движат кон членство во Европската Унија.

„На Христијан сакам да му порачам, нека размисли добро, ако треба и нека не спие вечер, за тоа што ќе и каже на Урсула фон дер Лајен? И да не се игра со иднината на земјата, затоа што може да му судат следните генерации“, порача Филипче.

фото СДСМ