Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПОПЛАВЕНИ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ ВО СКОПЈЕ: Владата препорача вработените привремено да работат од дома

Вработените во повеќе институции сместени во зградата на „Нова Македонија“ привремено ќе работат од дома, откако пукнала цевка од топловодниот систем и водата се проширила на пониските катови.

Во објектот се сместени повеќе министерства и државни институции, меѓу кои МОН, Министерството за локална самоуправа, Министерството за јавна администрација и Министерството за дигитална трансформација. Струјата и водата биле исклучени од безбедносни причини, а санацијата треба да трае неколку дена.