Вкупните депозити на годишна основа се повисоки за 9,0%, при што зголемување бележат и депозитите на домаќинствата и на корпоративниот сектор. Орочените депозити на домаќинствата (без средствата на трансакциските сметки), бележат годишно зголемување од 5,8%.
Кредитната активност бележи раст од 13,6% на годишна основа. Раст е забележан кај двата сектора, при поголем годишен придонес на корпоративниот сектор.


