Во тек е поголема полициска акција на подрачјето на Скопје, Тетово и Гевгелија, во рамки на која се вршат претреси на повеќе локации. Според неофицијални информации, акцијата е насочена кон група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и за можни коруптивни кривични дела.
Првичните информации говорат дека полицијата претресува повеќе од десет локации, а досега наводно се приведени шест лица. По уште неколку лица се трага. Меѓу опфатените со акцијата, според неофицијалните сознанија, има и вработени во Царинската управа.
Официјални детали за акцијата засега не се објавени, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.


