Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: СДС со небулози, фактите ги демантираат

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

СДС очигледно си ги толкува соопштенијата како што им одговара, но тоа е далеку од вистината.

Нивната кратковидост и завидливост, не може да разбере дека единствениот разговор којшто државниот секретар на САД, господинот
Марко Рубио го имаше досега е со премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. А дека тоа што СДС го зборат е тешка небулоза, ќе бидат демантирани со објавување на официјалната средба со заменик-државниот
секретар на САД, Кристофер Ландау.

За разлика од времето кога Македонија беше со свиткана кичма, денес Македонија се застапува со гордо исправена глава.
И во иднина ги замолуваме СДС информациите што ги добиваат да ги пренесуваат доследно, а не политички некоректно.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: И Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата за работа на Alta Pay Group, само кај нас Мицкоски и Славески убедуваат дека сè е во ред

ДЕСК

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

ДЕСК

НЕОФИЦИЈАЛНО: АРКИН ЈАХИЈИ ПОБЕДИ ВО БРВЕНИЦА – Тесна разлика во вториот круг од изборите

ДЕСК