Centar.mk
БИЗНИС

ДЕНЕСКА НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Возачите го чекаат потегот на РКЕ

Возачите денеска повторно се во исчекување на новата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, со која треба да бидат утврдени максималните малопродажни цени на бензините, дизелот и останатите нафтени деривати.

Според последната важечка одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 се продава по максимална цена од 100,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 102,50 денари, а ЕУРОДИЗЕЛ БС по 99 денари за литар. Последната промена на цените беше донесена на 14 септември.

Фокусот денеска е насочен кон тоа дали ќе следува ново поскапување, намалување или цените ќе останат на сегашното ниво. Во пресметката влијаат движењата на референтните цени на нафтените деривати на светските пазари, како и курсот на денарот во однос на американскиот долар.

На официјалната страница на РКЕ, во моментот на објавување на текстот, сè уште како последна е наведена одлуката од 14 септември, што значи дека денешниот ценовник допрва се очекува.

Новите цени, откако ќе бидат утврдени, вообичаено почнуваат да важат од полноќ.

Можеби ќе ве интересира

Дигиталната инфраструктура како предуслов за нови инвестиции и конкурентна економија

ДЕСК

Халкбанк со поддршка на проектот „Менталното здравје пред сѐ“ на СОС Детско село

ДЕСК

Анализа: Цената на струјата на ХУПЕКС продолжува да расте, ќе се одрази ли тоа во сметките на македонските граѓани?

ДЕСК