Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Филипче решил модуларните болници да бидат поставени и покрај сите институционални пречки и неисполнети услови, Абази не го смета за виновен оти и самиот е инсталација на СДС

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Модуларните болници за време на ковид кризата во земјава биле поставени спротивно на низа предупредувања и без исполнување на сите законски и технички услови.

Поконкретно за модуларната болница во Тетово, каде во пожарот трагично загинаа 14 лица, тогашниот економски директор на болницата, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и пушти во употреба болницата. Подоцна тој беше осуден на една и пол година затвор.

Катастарот одбивал да ги запише модуларните болници бидејќи биле набавени како стоки, а немало извештај од надзор согласно член 74 од Законот за градење. Светска банка, пак, барала одобренија за поставување и употреба на модуларните болници и извод од Катастарот како доказ дека проектот е одржлив.

Такви одобренија не можеле да бидат издадени ниту од општините, ниту од Министерството за транспорт и врски, бидејќи не била запазена процедурата и одредбите од Законот за градење.

Значи, сите институционални и стручни предупредувања биле тука. Сите се противеле, но Филипче сепак одлучил модуларните болници да бидат поставени.

За ова беше оформен предмет кој со години стоеше во фиока. А кога конечно дојде моментот за одговорност, предметот заврши со тоа што Филипче беше спасен од кривична одговорност.

Вака изгледаат инсталациите на СДС и ДУИ во судството и обвинителството. Во овој случај, тоа најдобро се гледа преку ликот на Ислам Абази, кој сега пред заминување си ја доработува задачата за која беше поставен во време на СДС и ДУИ и продолжува да им служи на Заев, Филипче и Ахмети до последно.