Centar.mk
Screenshot
-МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Владата ќе продолжи да ги поддржува проектите и модернизацијата на УХМР Добар ден и од мене.

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски:

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани присутни,

Денеска имавме можност да се запознаеме со сето она коешто изминатиов период е направено во Управата за хидрометеоролошки работи.

Тоа што го кажа директорот е навистина импресивно. Мојата поддршка е апсолутно тука неограничена, бидејќи нè инспирира работата на луѓе коишто се мотивирани да создаваат, да институциите коишто ги раководат ги модернизираат процедурите, техниките внатре и така натаму.

Она кое што претставува предизвик, не само во оваа институција, туку и во голем број други институции, е кадарот, се разбира, стручниот кадар, тоа е нешто коешто е многу важно. Се надевам дека во периодот којшто следи покрај овој прв предуслов, а тоа е опремата којашто веќе е инсталирана, да обезбедиме кадар којшто ќе може да работи на таа соодветна опрема и ќе може да добива соодветни резултати, коишто на нас ни се потребни за да креираме стратегии и политики.

Уште еднаш сакам да му честитам на директорот, на тимот на вработените, бидејќи без нив сам никој ништо не може.

Како институција мислам дека функционираат одлично, сега за сега. Се надевам дека ќе продолжат уште подобро и во периодот којшто следи да функционираат, а ние како Влада ќе продолжиме како што кажав, во рамките на можностите, да ги поддржуваме проектите и амбицијата на директорот и на раководството на самата институција.

Јас Ви благодарам.