Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

2,4 милиони патници на македонските аеродроми за седум месеци, Македонија станува сe подобро поврзана со Европа и светот, вели ВМРО ДПМНЕ

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Резултатите од првите седум месеци од 2026 година се уште една потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи на подобра поврзаност и развој на Македонија.

Двата македонски аеродроми од јануари до јули опслужиле 2.414.892 патници, што е 535.697 повеќе од истиот период лани. Реализирани се и 16.280 летови, односно 1.295 повеќе во споредба со 2025 година.

Особено значаен е месец јули, кога и Скопје и Охрид бележат рекордни резултати. Скопскиот аеродром опслужил 408.925 патници, со раст од 29,5%, додека охридскиот 52.544 патници, што е раст од дури 41,2%.

Овие резултати значат повеќе туристи, повеќе гости, повеќе работа за туристичкиот и услужниот сектор и дополнителен придонес кон економскиот развој.

Бројките се најдобар показател дека политиките даваат резултат. Владата продолжува посветено да работи на развој, инвестиции и подобра поврзаност на Македонија со Европа и светот.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Овој ребаланс е избор на одговорност пред популизам, стабилност пред финансиска неизвесност и конкретни резултати пред празни ветувања

ДЕСК

Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

ДЕСК

УЖАС ВО СКОПЈЕ – Момче осомничено за силување дете под 15 години

ДЕСК