Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ: Филипче со потсмев ја поздрави „одлуката’’ на Абази, да му се затвори предметот во кој живи изгореа 14 лица

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ:

Пет години се чуваше по фиока и фаќаше пајажина предметот, како и доказите за модуларната болница, во која изгореа 14 наши сограѓани, а директниот виновник Венко Филипче не беше повикан ниту на разговор.

Толку треба да знаете за нашиот правосуден систем, кој е ставен директно во одбрана на неговите наредбодавци, односно СДС и ДУИ.
Предмет во кој живи горат 14 лица, да заврши без истрага е скандал од невидени размери. Абази премижа и на менувањето на Законот за градење, премижа и на немањето на елаборат за електрична енергија, премижа и за немањето на минимум технички спецификации. Премижа се, за Филипче да биде ослободен.

Затоа, денес Филипче со потсмев ја поздрави „одлуката’’ на Абази која тој веќе некое време ја знаел. Шефот на ОЈО ГОКК во заминување, Ислам Абази, ја заврши својата работа за која што беше поставен, а таа е заштита на поранешни функционери на СДС и ДУИ.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК