Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град и температурите ќе опаднат за неколку степени.
Прогноза за 22.08.2026
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 35°C до 41°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 23.08.2026
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 33°C до 40°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 24.08.2026
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 31°C до 38°C
Променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови локално ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.


