Centar.mk
фото илустрација / аи
МАКЕДОНИЈА

Жител на струмичко село предивикал пожар во дворот и на улицата на која живее, забележан е од полициски службеници и лишен од слобода

На 30.07.2026 во 22:00 часот во село Габрово, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода лице.(63) од Струмица, со престој во селото. Полициски службеници го забележале како во неговото дворно место предизвикал пожар, кој се проширил и кон улицата. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а од извршено мерење со дрегер е утврдено дека имал 2,04 промили алкохол во крвта.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по негово документирање ќе биде поднесен соодветeн поднесок.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА: Утре дожд и силен ветер, а од петок нова промена на времето – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СЕ ВРАЌА ПОСТУДЕНОТО ВРЕМЕ – Утре ветер над 60 километри на час, можен снег на повисоките планини

ДЕСК

Отворени Деновите на медиумска писменост 2026

ДЕСК