На 30.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 08:20 часот на експресниот пат на делницата од Градско кон Прилеп, во близина на Градско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А.Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(48) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „хјундаи“ и О.Г.(45) од Скопје, сопатничка во истото возило, а со телесни повреди се здобиле С.Д.(50) и С.П.П.(42), двете од Скопје, сопатнички во патничкото возило „хјундаи“, како и возачот на патничкото возило „ауди“ и сопатниците во неговото возило, М.Д.(18), А.М.(18) и двајца 17-годишници, сите од Битола, констатирани во Општа болница Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.


