Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТРИ ВОЗИЛА СЕ СУДРИЈА ВО ПРИЛЕП: Тешко повреден 52-годишен возач

На 29.07.2026 во 14:45 часот во ОВР Прилеп бил пријавено дека на крстосница од ул.„Тризла“, ул.„Горан Миноски“ и ул.„11 Октомври“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од З.Б.(52) од Кавадарци, товарно возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(39) од с.Мало Коњари, прилепско и патничко возило „сузуки“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(27) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „фолксваген“ З.Б., констатирани во Градска болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа на ПВР Прилеп.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК