Centar.mk
фото Министерство за Правда
МАКЕДОНИЈА

Заедничка заложба за поефикасен и потранспарентен нотаријат

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Цеца Малева Стоев.

На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија.

Министерството за правда останува посветено на отворен и конструктивен дијалог со Нотарската комора како важен чинител на правосудниот систем, со цел унапредување на владеењето на правото и зголемување на довербата на граѓаните во институциите.

фото Министерство за Правда

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА – Автобуси од Ресен, Охрид и Прилеп до Битола

ДЕСК

БОГДАНЦИ СЕ КРЕНА НА НОЗЕ – Граѓаните со свеќи побараа одговорност за смртта на 17-годишната Билјана

ДЕСК

РЕФОРМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАВРШНИЦА – Мицкоски очекува најголемиот дел да биде заокружен до крајот на годината

ДЕСК