Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Серија апсења и претреси во Охрид

На 26.07.2026 во Охрид полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода три лица на возраст од 30 и 32 години, сите од Прилеп.

На 26.07.2026 во 01:20 часот во спортскиот центар „Биљанини извори“, за време на одржување на концерт, полициски службеници лишија од слобода лице затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја

Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во станот, кој го користел заедно со двете други лица, при што биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети, грендери со остатоци од марихуана, стаклен предмет со печурки, како и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Тие се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ЗА КЛИЕНТИТЕ НА АЛТА – Автобуси од Ресен, Охрид и Прилеп до Битола

ДЕСК

БОГДАНЦИ СЕ КРЕНА НА НОЗЕ – Граѓаните со свеќи побараа одговорност за смртта на 17-годишната Билјана

ДЕСК

РЕФОРМИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАВРШНИЦА – Мицкоски очекува најголемиот дел да биде заокружен до крајот на годината

ДЕСК