Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со туѓа мака го полнел ќесето: Македонец обвинет како лажен лекар за голема измама

Општинското кривично обвинителство во Загреб поднесе обвинение против 58-годишен македонски државјанин, осомничен дека измамил шест лица за вкупно 41.400 евра. Тој, според обвинението, телефонски се претставувал како лекар.

На жртвите наводно им кажувал дека член на нивното семејство бил тешко повреден во сообраќајна несреќа и дека итно се потребни пари за лекување или операција. Делата, според хрватските истражни органи, биле извршени во јуни и јули 2025 година во Загреб, во соработка со засега непознати лица.

Станува збор за обвинение, а не за пресуда. Вината на македонскиот државјанин треба да биде утврдена во судска постапка пред хрватските надлежни органи.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК