Centar.mk
ЛОКАЛНО

Општина Карпош и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и деканот на Градежниот факултет при УКИМ, проф.д-р Јосиф Јосифовски, денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспоставува партнерство насочено кон размена на знаења, стручна поддршка и реализација на заеднички проекти.

Овој Меморандум е основа за соработка во изготвување на стратешки документи, студии и анализи од областа на градежништвото, геодезијата и геотехничкото инженерство, а воедно предвидува и соработка во делот на практичната настава и професионалниот развој на студентите, можности за нивно стипендирање, како и поддршка при изработка на научни трудови од интерес на општината.

Општина Карпош, преку ова партнерство, ја потврдува својата заложба за соработка со високообразовните институции и користењето на стручната експертиза во креирањето на квалитетни решенија за подобрување на условите за живот на граѓаните.

фото Општина Карпош

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО СКОПЈЕ ВО ВТОРНИК – Еве кои улици ќе бидат без електрична енергија на 17 ноември

ДЕСК

ОД УТРЕ ЗАТВОРАЊЕ НА ВАЖНА КРСТОСНИЦА ВО СКОПЈЕ – Сообраќајот ќе се пренасочува, еве од колку часот

ДЕСК

ЧЕТИРИ УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ ОД УТРОВО БЕЗ ВОДА – Голем дефект, еве кога се очекува нормализирање

ДЕСК